Дома Фудбал Ливерпул е единствен перфектен во Лигата на шампионите, а Слот е – незадоволен!

Ливерпул е единствен перфектен во Лигата на шампионите, а Слот е – незадоволен!

Менаџерот на фудбалерите на Ливерпул, Арне Слот, изјави дека не е задоволен од играта на неговиот тим против Жирона во Лигата на шампиони, и покрај победата по која останаа единствени непоразени во најелитното европско натпреварување.

Ливерпул во Шпанија ја победи Жирона со гол од Мохамед Салах во 63-та минута, во натпреварот од шестото коло на Лигата на шампиони и ја постигна својата шеста победа.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


“Ако ме прашате за сите шест натпревари, навистина сум задоволен од резултатите. Навистина сум задоволен од тоа како игравме во пет натпревари, но далеку од тоа дека сум задоволен од начинот на кој игравме против Жирона”, изјави Слот, пренесе Скај.

Кога беше прашан што го направило незадоволен, Слот одговори: “Многу нешта”. 

“Особено две работи. Ако играте против екипи кои имаат добра идеја за фудбал и знаат како да ја извлечат топката од задната линија, како екипите против кои неодамна игравме, (Манчестер) Сити или Реал Мадрид, тогаш мора да бидете интензивни во притисокот ако сакате да им ја отежнете.работата

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мбапе се осврна на критиките од навивачите на Реал Мадрид: „Ако го критикуваа Роналдо, кој сум тогаш јас?“

Килиан Мбапе повторно е во центарот на вниманието, но не само заради играта на теренот, ту…