
Ливерпул одби понуда од 25 милиони евра од Реал Мадрид во јануари за Трент Александер-Арнолд.
Договорот на десниот бек истекува на крајот од сезоната, а веќе долго време кралскиот клуб има нескриен интерес за него. Неделава англиските медиуми објавија дека Трент веќе се договорил со Реал и сигурно ќе премине на “Сантијаго Бернабеу” летово.
Анде Јанков - автор на крими романи: Блискоста на реалноста и фикцијата! ↓↓↓
Но, шпанскиот гигант се обиде да го донесе уште за време на зимскиот трансфер период. Тогаш се зборуваше дека “белите” се подготвени да понудат максимум 15 милиони фунти, но сумата всушност била повисока и изнесува 21 милион фунти, открива Фабрицио Романо.
Иако во Ливерпул знаеле дека Александер-Арнолд нема да преподпише, тие ја одбија таа понуда бидејќи не сакале да изгубат еден од важните играчи на средината на сезоната, особено бидејќи тимот на Арне Слот сè уште се бореше за четири трофеи.
Ливерпул сè уште може да добие неколку пари за Арнолд, бидејќи според медиумите на Островот Реал ќе понуди 5 милиони фунти за да го земе играчот на самиот почеток на јуни и да го користи за време на Светското клупско првенство. Клубот од “Енфилд” нема да му застане на патот на својот кадар во оваа ситуација и ќе го пушти.