Дома Фудбал Ливерпул нема да го купува Геи оваа зима, ќе чека до следното лето

Ливерпул нема да го купува Геи оваа зима, ќе чека до следното лето

Ливерпул нема да направи нов обид да го земе капитенот на Кристал Палас, Марк Геи, во јануари. Тоа тврди почитуваниот новинар Дејвид Орнстин.

Според него на “Енфилд” дури и не планираат да донесат нов централнен одбранбен играч во зима, иако Џовани Леони доби тешка повреда, а единствената алтернатива за центарот на одбраната е Џо Гомес.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Ливерпул и Кристал Палас постигнаа договор за Геи во последниот ден на летниот трансфер период, но во последен момент Лондончаните се повлекоа, бидејќи не успеаја да најдат соодветна замена за Геи.

Според Орнстин, англискиот репрезентативец нема да го напушти “Селхерст Парк” во јануари и Ливерпул ќе чека до следното лето, кога ќе се обиде да го земе како слободен агент.

Тогаш, сепак, конкуренцијата за него ќе биде сериозна, бидејќи интерес покажуваат Реал Мадрид, Барселона, Бајерн Минхен и Манчестер Сити. Челси има многу проблеми со повредени дефанзивци, па така и тие може да се вклучат во битката за него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ибрахимовиќ го носеше олимпискиот пламен низ улиците на Милано (Видео)

Легендарниот шведски фудбалер Златан Ибрахимовиќ денес ја понесе Олимписката бакла низ ули…