Дома Фудбал Ливерпул не ја промени одлуката околу Дарвин, Рамадани го држи клучот за трансфер?

Ливерпул не ја промени одлуката околу Дарвин, Рамадани го држи клучот за трансфер?

Дарвин Нуњез не е во плановите на Арне Слот и неговата следна дестинација извесно е – Италија.

Доверливи извори од Италија открија денес дека Дарвин има висока цена во Италија, особено поради фактот што го промени агентот и сега го застапува агенцијата на Фали Рамадани. Познато е дека Рамадани има блиски односи со Милан, кој е опција, но реализацијата на трансферот нема да биде можно додека Ливерпул не ги намали побарувањата од над 60 милиони евра.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Исто така, Наполи сѐ уште е прва опција, Дарвин даде зелено светло за преселба во Неапол, но оштетата е исто така најголемиот камен на сопнување.

Од друга страна, сега е прилично неумесно да се контактира Ливерпул и да се користи ситуацијата по трагедијата со Диого Жота, но изворите истакнуваат дека ништо не го промени мислењето на Арне Слот.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Mилан го реши голманското прашање до 2031 година!

Милан денеска соопшти дека капитенот на тимот и голман Мајк Мењан го потпиша новиот догово…