Дома Фудбал Ливерпул најде замена за Трент – веднаш ја активира клаузулата од 35 милиони евра

Ливерпул најде замена за Трент – веднаш ја активира клаузулата од 35 милиони евра

Трент Александер-Арнолд по оваа сезона повеќе нема да биде играч на Ливерпул, а „Црвените“ веќе му најдоа замена.

Ливерпул зад себе има феноменална сезона. Го освоија јубилејното 20. првенство на Англија и тимот под водство на Арне Слот изгледа импозантно.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Се ближи крајот на сезоната во англискиот фудбал, а со тоа и почетокот на летниот трансфер период во кој „Црвените“ ќе мора да бидат активни.

По истекот на договорот ќе ги напушти една од најголемите ѕвезди на клубот – Трент Александер-Арнолд кој веројатно ќе се приклучи на Реал Мадрид.

Арнолд е одличен десен бек кој целата своја досегашна кариера ја помина во Ливерпул и сигурно е дека ќе биде многу тешко да се замени.

Сепак, нема време за губење, па Арне Слот и раководството на клубот од Мерсисајд веќе се фокусирани на пронаоѓање на неговата замена.

Станува збор за Жереми Фримпонг од Бајер Леверкузен, а откупната клаузула во неговиот договор е вистинска „ситница“.

Сумата изнесува само 35 милиони евра што, земајќи ја предвид инфлацијата на фудбалскиот пазар, но и квалитетот на Фримпонг, е навистина поволна цена.

Фотографија: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најплатениот фудбалер во Премиер лигата заработува 2,5 милиони евра месечно!

Поради почетокот на новата сезона, англиските медиуми објавија листа на Топ 10 најплатени …