Крајот на календарската година значи дека се приближуваме кон возбудувањата на трансфер маркетот, а почетокот на новата година и јануари се резервирани за трансфери низ фудбалскиот свет.
Во медиумите од Островот се појави вест дека Ливерпул веќе е подготвен за јануарско засилување. Белгискиот репрезентативец Чарлс де Кетеларе, треба да стане нов жител на Енфилд.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Ако им се верува на медиумите во Островот, Ливерпул се согласи да ѝ плати на Аталанта 50 милиони фунти за споменатиот играч, а тоа е сумата под која тимот од Бергамо не би се согласил на продажба.
Де Кетеларе последните две сезони привлече внимание на себе со игрите во Милан и Аталанта.