
Фудбалскиот клуб Ливерпул е во потрага по нов напаѓач за претстојната сезона и тоа е јавна тајна уште од отворањето на трансфер периодот.
Георги Мамардашвили, Армин Пеќи, Џереми Фримпонг, Милош Керкез и Флоријан Вирц стигнаа ова лето на „Енфилд“, при што унгарскиот голман најчесто ќе биде дел од екипата „Б“. Англискиот шампион вложи значителни средства, но не планираат да престанат со аквизициите, бидејќи, како што беше споменато, напаѓачот е неопходен.
Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓
Желбата на Ливерпул да го донесе Александер Исак не е никаква тајна, иако тоа е комплицирана операција. Алтернативно решение би било Уго Екитике. Имено, се дознава дека Екитике има понуда за трансфер во Њукасл кој испратил понуда 70.000.000 евра на адресата на Ајнтрахт од Франкфурт и сега преговорите се во тек.
Покрај тоа, се шпекулира дека Њукасл подготвува терен за заминување на Исак иако повеќепати нагласуваа дека тој не е на продажба. Ако дојде до тоа, сумата би била слична на онаа што Ливерпул ја плати за Флоријан Вирц.
Ако трансферот на Исак не се реализира, спортскиот директор на Ливерпул, Ричард Хјуз, високо го цени напаѓачот на Челси, Николас Џексон. Го следеше уште додека беше во Борнмут, а Џексон играше за Виљареал, но тогаш таа инвестиција беше преголема за Бормут..
Николас Џексон има дозвола да го напушти Лондон. Доаѓа Лијам Делап, а тука е и Жоао Педро кој се покажа одлично. Сенегалецот не е дел од првиот план на Енцо Мареска, но кај Арне Слот може да има важна улога.. Повремено стартер, повремено резерва, но секогаш важна фигура со оглед на тоа дека од Флоријан Вирц се очекува да игра „лажна деветка“, иако повеќе му одговара да игра малку повлечено.
Манчестер Јунајтед исто така е заинтересиран за Николас Џексон и би се посветиле на тоа откако ќе го завршат трансферот на Брајан Ембуема.