
Фудбалерите на Ливерпул ја забележаа и петтата победа од почетокот на Премиер лигата, откако во дербито на „Мерсисајд“ го победија Евертон со резултат 2:1.
Интересно е дека Ливерпул е 14-тиот тим кој ја започнал сезоната со пет победи и максимални 15 бодови, но во претходните 13 пати само четири клуба на крајот ја освоиле титулата.
Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони
Со пет последователни победи на почетокот на шампионатот и подоцна до титулата стигнале – Манчестер Сити во сезоната 2023/24, Ливерпул 2019/20 и двапати Челси, 2006 и 2010 година.
Токму Челси повеќепати успеал да започне со 5/5, дури четири пати, додека Ливерпул и Сити имале таков старт три пати.
За да биде сè поинтересно, екипите што започнувале со пет победи, најчесто на крајот завршувале како – второпласирани!
Тоа го постигнаа – Арсенал 2004/05 и 2022/23, Челси 2010/11, Јунајтед 2011/12 и Ливерпул 2018/19.
Ливерпул не блеска на почетокот на сезоната и поголемиот дел од победите ги остварил во продолжението од натпреварот, но, велат дека така и се освојуваат титулите.