Дома Фудбал Ливерпул го пушта Гравенберх во Реал Мадрид, Слот веќе е во преговори со замена од 90 милиони евра

Ливерпул го пушта Гравенберх во Реал Мадрид, Слот веќе е во преговори со замена од 90 милиони евра

Ливерпул најде замена за Рајан Гравенберх откако Реал Мадрид понуди навистина голема сума на пари за холандскиот играч од средниот ред.

Гравенберх пристигна во Ливерпул во летото 2023 година, а Редсите тогаш му платија на Баерн 40 милиони евра за неговите услуги.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Тој настапуваше послабо во Баерн по пристигнувањето од Ајакс во 2022 година, а и неговиот почеток на кариерата во Ливерпул беше тежок.

Клоп се мачеше да го извади најдоброто од него, но тоа успеа Слот, кој му даде да игра на позицијата „шестка”.

Тој беше клучниот играч во освојувањето на титулата во Премиер лигата од страна на Ливерпул.

Одличните игри привлекоа интерес за него, и тој е на врвот на листата желби на Реал Мадрид, кој наводно веќе испратил официјална понуда за него.

Слот веќе донесе одлука кого ќе го доведе наместо Гравенберх, а се работи за ѕвездата на Кристал Палас, Адам Вартон.

Ливерпул наводно отворил преговори со Вартон, кој треба да пристигне на „Енфилд“ како замена за Гравенберх.

Иако е малку веројатно дека ќе успеат да го доведат во јануари, раководството на Ливерпул не сака да отстапи од таа идеја.

Ливерпул ја следи ситуацијата со овој фудбалер и се подготвени да тргнат по него до крајот на овој месец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нејмар стави потпис на нов договор, претседателот на клубот беше пресреќен

Нејмар го продолжи договорот со клубот каде што се разви за уште една година, со што остан…