Дома Фудбал Ливерпул го испушти во „пет за 12“, па сега ќе го примени рецептот на Флорентино Перез!?

Ливерпул го испушти во „пет за 12“, па сега ќе го примени рецептот на Флорентино Перез!?

По тоа што Кристал Палас го стопираше договорот во последен момент, Ливерпул се откажа и нема да оди повторно по Марк Геи на зима.

Неговиот трансфер беше завршена работа, Ливерпул испрати понуда којашто Палас ја бараше, од 42.000.000 евра, и патем додаде 10% од следната продажба.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Сепак, откако Палас не успеа да донесе соодветна замена последниот ден од преодниот рок, овој трансфер пропадна.

Сигурниот Пол Џојс денес откри дека Ливерпул не планира повторно да седне на преговарачката маса со Палас, туку ќе го почека следното лето да го донесе репрезентативецот на Англија без отштета.

Слична работа направи и Флорентино Перез токму во преговорите со Ливерпул, кој одби да го продаде Трент Александар-Арнолд. Реал на крајот почека да му истече договорот и го донесе ова лето како слободен играч.

Во Ливерпул се уверени дека Англичанецот нема да ги слуша понудите од другите клубови и дека ќе остане при својата одлука да отиде од “Селхрст” само на “Енфилд”.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челси доби понуда од Блискиот Исток која ќе биде тешко да се одбие – вредна е 68 милиони евра

Во повеќето европски лиги летниот преоден рок заврши, но на Блискиот Исток тој сè уште тра…