Дома Фудбал Ливерпул ги израдува навивачите со важен потпис!

Ливерпул ги израдува навивачите со важен потпис!

Конор Бредли денеска потпиша нов договор со Ливерпул.

Талентираниот десен бек ја продолжи соработката до летото 2029 година, а по потпишувањето, не можеше да го скрие своето задоволство.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


“Многу сум горд што потпишав нов договор, сега ми преостанува да продолжам да работам напорно за да ја оправдам довербата,” изјави Бредли и додаде.

“Целта ми е да одиграм уште повеќе натпревари и да добијам уште трофеи. Целата суштина на играњето фудбал е во освојувањето на трофеи и успех. Колку повеќе ги освојуваме, толку подобро ќе биде за мене и за тимот. Се надевам дека не очекуваат убави години во клубот,” заврши Бредли.

Бредли се приклучи на академијата на Ливерпул уште во 2019 година, а следното лето го потпиша својот прв професионален договор.

Патот до првиот тим го донесе преку позајмица во Болтон, иако дебитираше во Лига купот против Норич во сезоната 2021/22.

Довербата на Ливерпул во својот играч ја покажува фактот што оваа сезона има 27 настапи во сите натпреварувања и е подготвен да ја преземе улогата на Трент Александер-Арнолд.

Да потсетиме, Трент Александер-Арнолд одлучи да го напушти “Енфилд” како слободен, преминува во Реал Мадрид, и се очекува дека Џереми Фримпонг од Леверкузен ќе го заземе неговото место.

Фото: Liverpool FC/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Mилан го реши голманското прашање до 2031 година!

Милан денеска соопшти дека капитенот на тимот и голман Мајк Мењан го потпиша новиот догово…