Дома Фудбал Ливерпул ги доведе во летото за 270 милиони евра: Веќе се размислува за нивната продажба?

Ливерпул ги доведе во летото за 270 милиони евра: Веќе се размислува за нивната продажба?

Поранешниот играч на Ливерпул, Дитмар Хаман, ја изненади јавноста со изјавата дека Ливерпул би можел да ја разгледа продажбата на напаѓачot Александер Исак на Барселона веќе во летото 2026 година. Иднината на „Енфилд“ е неизвесна и за Флориан Вирц, а во светло на слабите резултати повторно се спомнува враќање на клупските легенди како Јирген Клоп и Стивен Џерард.

Ливерпул во текот на 2025 година го собори сите рекорди на потрошувачка. По освојувањето на титулата во Премиер лигата, тренерот Арне Слот доби огромен буџет за нови играчи. Прво, германскиот репрезентативец Флориан Вирц со доаѓањето од Баер Леверкузен стана најскапиот играч во историјата на британскиот фудбал (125 милиони евра), но тој рекорд наскоро беше соборен кога Александер Исак пристигна од Њукасл (145 милиони евра). И покрај високите суми, ниту еден од нив не ги оправда очекувањата во првата половина на сезоната.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Шведскиот напаѓач постигна само два гола во 15 настапи и видливо е дека се мачи со формата. Хаман смета дека трпението на клубот може да биде при крај.

Слична е ситуацијата и со Вирц, кој сè уште го чека својот прв погодок за Ливерпул, а има само две асистенции. Иако и тој е под закана да биде прогласен за скап неуспех, Хаман верува дека клубот не е под финансиски притисок да го продаде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Навивачите бараа да го отпушти, а Перез му даде нов договор: „Најдобар си во Европа!“

Во редовите на Реал веќе интензивно се работи на новите договори за сезоната која би можел…