
Фудбалскиот клуб Баерн Минхен денеска официјално го претстави Луис Дијаз.
Како што беше познато од минатата недела, Бајерн за Колумбиецот плати 75.000.000 евра, во што се вклучени и бонуси, што е секако добра вест и за Ливерпул.
Скопје троши вода како да има 1 милион жители! Каде е проблемот? ↓↓↓
Луис Дијаз потпиша договор до 2029 година и доби дрес со број 14, а се очекува веднаш да биде клучно засилување, особено поради тоа што Џамал Мусиала е повреден и нема да биде во составот до Нова година.
Но, според пишувањата на германските медиуми, Луис Дијаз нема да биде и последното засилување на Бајерн. Следниот е Ник Волтемаде кој веќе договорил лични услови со Бајерн и го очекува да Штутгарт ја прифати понудата на Баварците. Се очекува сумата да надмине 50.000.000 евра, така што се очекува нова рунда преговори во следните денови.
Што се однесува до Ливерпул, се знае дека “Црвените” ќе се обидат да го доведат и Александар Исак, кој исто така му соопшти на Њукасл дека сака да замине.
Ливерпул веднаш ги подготви 75.000.000 евра од Дијаз за да ги пренасочи за Исак и ќе додаде уште толку за најголемиот рекорд во историјата на Премиер лигата.
Фото: Facebook/Bayern Munich