Дома Фудбал Ливерпул е заинтересиран за Де Фрај

Ливерпул е заинтересиран за Де Фрај

Раководството на Ливерпул размислува да го ангажира 33-годишниот централен дефанзивец на Интер Стефан де Фрај следното лето. Многу е веројатно дека „неразурите“ нема да го продолжат договорот со Холанѓанецот, кој истекува на 30 јуни. Ливерпул е подготвен да му понуди на Де Фрај плата од околу 3,8 милиони евра годишно, ако тој се согласи да се пресели на “Енфилд”.

Во тековната сезона, Де Фрај има 33 натпревари во сите натпреварувања, постигна 2 гола и направи 1 асистенција. Неговата пазарна вредност според “Transfermarkt” е 7 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бесни навивачи на Манчестер испратија јасна порака до Аморим кого повеќе не сакаат да го видат на теренот!

Манчестер Јунајтед имаше предност во гости против Нотингем Форест, но на почетокот од втор…