Дома Фудбал Ливерпул доведува ѕвер од 90 милиони евра!

Ливерпул доведува ѕвер од 90 милиони евра!

Раководството на Ливерпул потроши многу пари минатото лето, но тоа не беше доволно за да се вмешаат во битката за врвот на табелата во Премиер лигата.

Има време да се поправат сите грешки, но мораат што побрзо да почнат да остваруваат победи и да се надеваат на грешки на екипите кои се пред нив на табелата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Ливерпул покажа голем интерес за ѕверот од Серија А, станува збор за Кенан Јилдиз, додека во Јувентус се надеваат дека ќе успеат да го задржат овој играч.

Јилдиз се развиваше во академијата на Баерн од Минхен, а во 2022 година се приклучи на Јувентус.

Брзо се покажа дека Јувентус направи добра одлука со трансферот, а Јилдиз се истакна како еден од најдобрите играчи во тимот.

Напаѓачот, кој може да игра и како лево крило, но и како полуофанзивец, ја освои наградата Golden Boy во 2024 година.

Јилдиз оваа сезона постигна шест гола и додаде шест асистенции во 22 одиграни натпревари за Јувентус.

Сите сметаат дека заслужува нов импресивен договор, но прашање е дали ќе му го понуди Јувентус.

До сега од Јувентус не пристигнала понуда која би го задоволила Јилдиз, секако тука се мисли на платата која му ја нудат.

Сега се појавија информации дека Ливерпул го посакува и веќе воспостави контакти со кампот на играчот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Модриќ го убеди еден од најдобрите да дојде во Милан: „Стар пријателе, те чекам!“

Веќе во првите месеци во дресот на Росонерите стана јасно дека Милан не доби само уште еде…