Дома Фудбал Ливерпул ја купува ѕвездата на Лион

Ливерпул ја купува ѕвездата на Лион

„Екип“ пренесува дека Ливерпул има сериозен интерес за крилниот напаѓач на Лион, Рајан Черки.

Черки е офанзивен играч кој ги покрива и крилните позиции, а може да игра и како плејмејкер. Израснат е во школата на Лион и моментално се смета за најперспективниот француски талент.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Поради финансиските проблеми на Лион, сите играчи се нудат за продажба, што Ливерпул цели да го искористи.

Сепак, за потписот на 21-годишниот играч се борат и други клубови, како ПСЖ, Милан и Јувентус, кои исто така покажуваат интерес.

„Црвените“ веќе работат на трансферот и се во пол-позиција за да го осигураат неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Онана ќе заработува двапати повеќе во Турција отколку во Манчестер Јунајтед

Андре Онана стана еден од најплатените фудбалери во Турција. Камерунскиот голман премина н…