Дома Останати Тенис Лина издоминира: Изгуби два гема и обезбеди четвртфинале!

Лина издоминира: Изгуби два гема и обезбеди четвртфинале!

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа ја оправда фаворитската улога во денешниот меч од второто коло на турнирот во Слобозија, Романија што се игра за награден фонд од 40.000 долари.

Таа како трета носителка без поголеми проблеми ја совлада домашната тенисерка Бјанка Барбулеску со 2-0 во сетови (62 60) за 65 минути игра. Мечот беше изедначен само на почетокот и резултатот 2:2 во гемови во првиот сет. Од тој момент до крајот на сетот македонската тенисерка направи серија од десет гемови.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Првиот сет го заврши со 6:2, а вториот со максимални 6:0.

Во четвртфиналето Ѓорческа ќе игра против тенисерката од Хрватска Луција Ќириќ Багариќ, која оствари победа денеска со 2-0 во сетови (62 63) против Миа Ристиќ од Србија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ повторно го донесе во опасност важниот рекорд на Федерер

Новак Ѓоковиќ речиси идеално ја започна новата сезона и малку недостигаше за 11. пат да би…