Дома Фудбал Лигата на шампионите продолжува да се менува: Специјален статус за Топ 8 клубовите до полуфиналето

Лигата на шампионите продолжува да се менува: Специјален статус за Топ 8 клубовите до полуфиналето

Не е нова, голема реформа, но сепак може да биде значителна промена…

Отиде во минатото Лигата на шампионите каква што ја познававме. По три децении од крајот на летото и почетокот на есента, започна новата ера на европскиот фудбал. И на неа полека се навикнуваме. Реформирано е натпреварувањето, различно е од она на кое се навикнавме.

Ливерпул викендов може да ја освои титулата во Премиер лига ↓↓↓


Оваа сезона дебитираше „швајцарскиот модел“, добивме повеќе натпревари. Претежно оние атрактивните кои се сметаат за фудбалски спектакли. Повеќе натпревари се во оптек, повеќе дербија, повеќе и пари. А, тоа им беше доста важно на клубовите. Се приближуваме кон крајот на првото издание на Лигата на шампионите во овој формат, а веќе некои од наредните би можеле да бидат поразлични, бидејќи се подготвуваат нови промени.

Лигата на шампионите, се чини, ќе продолжи да се менува. Сепак, промените ќе бидат козметички според тие што ги преживеа во изминатиот период, но нема да бидат безначајни. Далеку од тоа.

Акцентот во наредниот период ќе биде на вреднувањето на она што е постигнато во основниот дел на натпреварувањето. Најдобрите осум тима оваа сезона беа ослободени од една нокаут рунда, автоматски се квалификуваа во осмина-финале..

Челниците на Лигата на шампионите се подготвени на Топ 8 клубовите да им дадат специјален статус.

За што точно се работи?

Се расправа многу како да бидат наградени за постигнатото во првиот дел од елитното европско натпреварување и е најдено решение. Имаа предност во осмина-финалето, беа домаќини во реванш натпреварите, а доколку новите мерки бидат усвоени, таков вид повластица ќе имаат до полуфиналето.

Тоа би значело дека најдобрите осум тимови по првата фаза ќе бидат домаќини во реваншите од осмина-финалето на Лигата на шампионите, но и во четвртфиналето. Се разбира, под услов да ја прескокнат првата пречка.

Не е голема реформа, но сепак може да биде значајна. Иако, клубовите кои беа носители не се покажаа посебно во осмина-финалето оваа сезона. Имаа половичен успех. Ливерпул, Атлетико, Бајер Леверкузен и Лил не поминаа, иако беа домаќини во реваншот, не им беше таа ставка од особена важност, додека од носителите продолжија Барселона, Интер, Арсенал и Астон Вила.

Сепак, кога ќе се земе во предвид кој стигна до полуфиналето, а тоа се Барселона, Арсенал, Интер и Пари Сен Жермен, нема особено изненадување.

УЕФА е блиску да ги одобри мерките според кои Топ 8 клубовите ќе имаат приоритетен статус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Руни и понатаму не може да се помири со натпреварот во кој Агуеро стана херој: Се треба да се истражи! (Видео)

Легендарниот англиски фудбалер Вејн Руни сè уште не може да се начуди што не е под истрага…