
Зад нас е неверојатно лето и покрај фактот што немавме некое големо спортско натпреварување како Олимписки игри, Европско првенство или Мундијал. Секако дека фудбалот не изостана бидејќи летото започна со светското клупско првенство каде што шампионската титула ја зедоа Челзи. Фудбалските репрезентации се бореа, а уште ќе се борат за пласман на Мундијалот следната година.
Нешто што ќе биде доста атрактивно оваа есен, па се до пролет се разбира е Лигата на шампиони. За обложувалниците тоа е натпреварување полно со предизвици бидејќи се нудат најразлични опции за обложување. Ова ќе биде втората сезона која ќе се игра на новиот начин со повеќе учесници. Наместо 32, сега се 36, а голем дел пласманот го остварија благодарение на домашните првенства. Сепак и голем број екипи ќе се најдат во лига фазата благодарение на квалификациите кои започнаа од средината на јули и се играа во четири рунди.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Секој од тие 36 тимови ќе изигра во првата фаза по 8 натпревари, поточно четири во гости и четири на домашен терен, а ривалите ќе бидат по две екипи од секој шешир. Во моментов е познат и комплетниот распоред, датумите и натпреварите за лига делот, а сите тие детали можете да ги најдете на сајтот Kladenje.mk. По завршетокот од 8-то коло, најдобрите 8 тимови ќе изборат директен пласман во 1/8 финалето, додека тимовите од 9 до 24 ќе играат едно коло бараж, па победниците од тие двомеч натпревари ќе им се придружат на останатите во 1/8 финалето.
Се што ве интересира за Лигата на шампиони за сезоната 2025/26, поточно квоти за освојување, информации, кратки анализи за секој натпревар поединечно, можете да најдете на сајтот на Kladenje.mk каде што секојдневно ќе се ажурира со најнови податоци и информации. Следете го водичот за Лига на шампиони 2025/26 и уживајте во најдоброто кое што можи да го пружи фудбалот.