
Барселона извојува победа од 4:2 против Селта во Виго, со што го намали заостанувањето зад Реал Мадрид на три поени, по поразот на Мадриѓаните од Рајо Ваљекано. Херојот на победата беше Роберт Левандовски со својот хет-трик, додека Ламин Јамал додаде уште еден гол. Головите на Селта, пак, ги постигнаа Серџо Кареира и Борха Иглесијас.
Левандовски се врати во почетната постава за прв пат по 5-ти октомври и поразот 4:1 од Севиља. Тој ја започна серијата голови за Барселона со реализиран пенал во 10-тата минута. Домаќините веднаш израмнија преку Кареира, но Каталонците повторно поведоа со вториот гол на Полјакот во 37-мата минута. Иглесијас израмни во 43-тата минута, но крајниот збор го имаше Барселона и Јамал во четвртата минута од надополнувањето на првиот дел ги врати гостите во водство.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Во вториот дел Барселона не дозволи на Селта да создаде повеќе од еден удар кон нивниот гол, а успехот го потврди во 73-тата минута кога Левандовски го доврши хет-трикот. Со ова, на 37 години и 80 дена, тој стана четвртиот најстар играч кој постигнал три гола во еден натпревар од Ла Лига. Над него се само Хорхе Молина (39 години и 241 ден), Хоакин Санчез (38 години и 140 дена) и Алфредо ди Стефано (37 години и 255 дена).