Роберт Левандовски и понатаму е еден од најдобрите напаѓачи во светот, а сега призна дека во 2012 година бил блиску да се пресели во Манчестер јунајтед.
Полскиот голгетер во тој период го носеше дресот на Борусија Дормтмунд кога „црвените ѓаволи“ „тропнале на вратата“.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Левандовски го прифатил трансферот на „Олд Трафорд“, но од Борусија не му дозволиле да замине.
„Разговарав со претседателот на Борусија. Ми кажа дека сум важен дел од тимот и дека ќе имаат проблем ако заминам“, се потсети Левандовски.
Подоцна со Борусија Левандовски играше и финале во Лигата на шампионите, сепак жали што не соработувал со Сер Алекс Фергусон.
„Прифатив трансфер, му кажав „да“ на Сер Алекс, Јунајтед тогаш беше во врвот. Жалам што не соработував со славниот Сер Алекс“, призна Левандовски.