
Веста која одекна во фудбалскиот свет доаѓа од Соединетите Американски Држави, каде што Чикаго Фајр започна сериозни разговори со еден од најдобрите напаѓачи на денешницата, Роберт Левандовски.
Според достапните информации, раководителите на клубот од Чикаго веќе одржаа позитивни разговори со полскиот репрезентативец за можниот трансфер во МЛС лигата.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Тоа што дополнително изненадува е фактот што самиот играч е отворен за оваа опција, иако се уште игра на високо ниво во европскиот фудбал.
Левандовски со години е синоним за голови, рекорди и врвни настапи во најсилните лиги на Европа, поради што ваквиот развој на настаните изгледа речиси неверојатно.
Сепак, МЛС веќе подолго време привлекува големи имиња, а доаѓањето на еден од најдобрите напаѓачи на 21. век би бил огромен чекор напред за лигата.