
Искусниот полски напаѓач Роберт Левандовски најверојатно ќе ја напушти Барселона следното лето, а веќе се најавува и каде би можел да продолжи.
Левандовски се приклучи на каталонскиот тим пред три години и се покажа како одлично засилување, но годините го стигнаа и во Барселона сериозно размислуваат за ангажирање на нов напаѓач.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Целта на Барселона е да пронајде напаѓач на кој ќе можат да сметаат на долг период, но тоа ќе го разгледаат следната година.
Ханси Флик им порачал на челниците на клубот дека уште не му е потребен нов напаѓач, бидејќи верува дека Левандовски и следната сезона може да игра на врвно ниво, а конкурентноста што ја нуди Феран Торес ја сметал за сосема доволна.
Меѓутоа, иако во договорот на Левандовски постои опција да ја продолжи соработката со Барселона за уште една година, сега станува јасно дека тоа веројатно нема да се случи.
Левандовски ќе остане уште една сезона во Барселона, а според шпанските медиуми, продолжување на договорот нема да има, бидејќи самиот Полјак одлучил да го напушти каталонскиот клуб следното лето.
Тој е свесен дека по тоа повеќе нема да биде прв избор во нападот и нема намера да биде на клупа во зенитот на својата кариера.
Како што пренесува каталонскиот Sport, 36-годишниот фудбалер веќе има понуда од Саудиска Арабија каде му се нуди огромна сума, што би била неговата најреална опција за наредната година.
🔵🔴Медиумите од Саудиска Арабија истакнуваат дека Роберт Левандовски ќе се приклучи на саудиски клуб кога ќе му истече договорот со Барселона во 2026.
— Chiedozie😊🤑 (@ChiedozieObilor) 21 јуни, 2025
— Diario Sport pic.twitter.com/sy1TlfMfK4
Левандовски има неколку понуди од Саудиска Арабија и им дал зелено светло за преговори, но јасно им порачал дека нема намера да ја напушти Барселона ова лето и дека тоа ќе го стори на крајот на следната сезона.
Според шпекулациите, го посакуваат Ал Наср и Ал Хилал, и идејата за преселба во Саудиска Арабија на крајот од кариерата му изгледа привлечно на полскиот напаѓач.
Фото: Barcelona FC/X