Дома Фудбал Левандовски донел одлука и веќе ја известил Барселона!

Левандовски донел одлука и веќе ја известил Барселона!

Полскиот репрезентативец Роберт Левандовски ја донесе конечната одлука за продолжување на неговата кариера и веќе ја споделил со управата на Барселона.

Овој искусен голгетер, кој има 37 години, е дел од Барселона од 2022 година. Има одличен учинок на теренот, редовно постигнува голови, но неговиот договор завршува по тековната сезона, што отвори многу шпекулации околу неговата иднина – дали ќе остане или ќе си замине.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Неколку клубови од Саудиска Арабија, но и европски имиња како Милан, Фенербахче и Галатасарај, покажаа интерес за Левандовски, подготвени да му понудат атрактивна плата.

Но, согласно информациите од шпански медиуми, Левандовски има една цел – да остане во Каталонија.

Неговиот агент, Пини Захави, веќе го информираше претседателот на клубот, Жоан Лапорта, на неодамнешна средба. Левандовски е дури и подготвен да се откаже од значителен дел од својата плата, што би значело многу за клубот на Камп Ноу.

Меѓутоа, конечната одлука ќе се носи пред крајот на сезоната, бидејќи Полјакот се жалеше на некои здравствени проблеми. Барселона исто така ќе има важна улога во оваа одлука, а за сега не е познато кои се нејзините планови за следната сезона – дали сакаат да го задржат Полјакот или да доведат помлад напаѓач.

Во тековната сезона одигра 12 натпревари, постигнувајќи осум голови и направи две асистенции во Ла Лига, но првенството на Лигата на шампионите остана без резултат.

Два пати ја освои шпанската лига и е на добар пат да стигне до третата титула. Барселона игра одлично и има четири бодови предност пред Реал Мадрид.

Во последното лигашко коло оваа година, Барселона на 21 декември ќе биде гостин кај Виљареал, но пред тоа, во вторник, игра натпревар во Купот на Кралот против Гуадалахара.

Додека иднината на Лева е предмет на разгледување, медиумите веќе бараат негов наследник. Некои сугерираат дека тоа би можел да биде српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ, чии договор со Јувентус исто така истекува.

Сепак, вака се навестува дека Српскиот играч сега е најблиску до трансфер во Милан, со кој веќе некое време се поврзува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бразил и Анчелоти продолжуваат заедно без оглед на пласманот на СП 2026

Карло Анчелоти и Бразил наскоро би можеле да ја продолжат својата соработка до Светското п…