
Поранешниот директор на Милан Леонардо го заштити Паоло Малдини, кој го замени на раководната функција во клубот во 2019 година. Бразилецот изјави дека “росонерите” немаат душа по заминувањето на Малдини. Тој додаде дека кризата во клубот е привремена и ќе “поминe“.
„Дали духот на Милан треба да биде посилен? Но тој беше таму – неговото име е Паоло Малдини. Сега сите го разбраа тоа: Милан се чувствува празен, без душа. Но, тоа е циклус, и тоа ќе помине. Верувам дека клубот ја сфати својата грешка,“ изјави Леонардо.