
Американскиот професионален возач и легенда на НАСКАР Грег Бифле (55) загина во авионска несреќа која денес се случи во Северна Каролина, објави порталот Motorsport.
Авионот, чиј што сопственик беше Бифле, а кој требаше да лета за Брадентон на Флорида, се урна на регионалниот аеродром Стејтвајл нешто по 10 часот по локално време. Во него, како што на Фејсбук потврди YouTuber и семеен пријател Герет Мичел, се наоѓале Бифле и членовите на неговото семејство.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
„За жал, можам да потврдам дека во тој авион се наоѓаа Грег Бифле, неговата сопруга Кристина, ќерката Ема и синот Рајдер, бидејќи беа на пат да го поминат попладнето со нас. Скршени сме. Многу ми е жал што ова морам да го споделам“, објави Мичел.
.