
Егзибицискиот меч веќе ги полни насловните страници и предизвикува огромен интерес низ целиот свет. Килограмите не значат ништо, а организаторите ветуваат спектакуларна продукција и иновативен формат.
Легендарниот Тајсон и непоразениот Мејведер ќе се судрат во егзибициски меч кој ќе биде во формат од осум рунди по две минути.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Мајк Тајсон прв ја потврди веста и призна дека ни самиот не верувал дека договорот ќе биде можен.
„Кога ми пристапија со идејата да влезам во рингот со Флоид, мислев дека нема шанси. Но, тој рече ‘да’, и сега се случува. Сè уште не можам да верувам дека тоа навистина го сака. Ќе биде лошо за неговото здравје, но потпишано е,” рече Тајсон, кој во март ќе има речиси 60 години.
Мејведер тогаш ќе има 49 години, а неговиот непоразен рекорд од 50-0 дава дополнителен шарм на овој неофицијален пресмет.
„Веќе 30 години го правам ова. Никој никогаш не можел да го наруши моето наследство. Ако веќе влегувам во нешто, тогаш знајте дека ќе биде легендарно. Фановите ќе го добијат тоа што го сакаат. Јас сум најдобар во оваа работа”, порача Флоид.