
Поранешниот германски голман Оливер Кан денеска се откажа од плановите да преземе француски четвртолигашки фудбалски клуб Бордо.
Кан минатата недела поднесе писмо за намери на градскиот трговски суд, но денес преку отворено писмо им се обрати на навивачите и рече дека повеќе не сака да вложи 50 милиони евра, откако ги разгледал „финансиските, оперативните и правните информации”, што му беа доставени минатата недела.
Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓
„Затоа, со големо разочарување, и покрај обемните подготовителни работи и ригорозната анализа, донесовме внимателно разгледана одлука да не продолжиме со нашиот план за преземање“, наведе Кан.
Поранешниот голман и претседател на Баерн од Минхен, во јануари изрази интерес да го преземе Бордо, а еден месец подоцна го посети Бордо со неговиот деловен партнер, поранешниот претседател на Олимпик од Марсеј, Жак-Анри Ејрод. Тие се сретнаа со градоначалникот на Бордо и останатите официјални лица.
Фото: Принтскрин