
Легендарниот италијански стратег Марчело Липи призна дека имал поголеми очекувања од Тијаго Мота како тренер на Јувентус.
Во интервју за „Газета дело Спорт“, тој зборуваше за предизвиците со кои Мота се соочува, но и го истакна најдобриот италијански тренер во изминатите две децении.
Се решава титулата во Серија А! Интер или Наполи!? ↓↓↓
„Искрено, очекував повеќе од Мота, особено во однос на градењето на карактерот на тимот. Ова не значи дека го критикувам, знам дека е посветен и дека има квалитет како тренер. Но, треба да се има предвид дека клупата на Јувентус носи далеку поголем притисок од водењето на други клубови“, изјави Липи.
Кога станува збор за најдобриот тренер во Серија А во последните 20 години, Липи нема никакви дилеми.
„Кој е број еден? Без никакво двоумење – Карло Анчелоти“, додаде Липи.