Дома Фудбал Легендарниот Ериксон починал во милионски долгови поради измама, семејството ја продава неговата луксузна вила

Легендарниот Ериксон починал во милионски долгови поради измама, семејството ја продава неговата луксузна вила

Легендарниот шведски фудбалски стратег Свен-Горан Ериксон починал во големи долгови, пренесуваат шведските медиуми врз основа на официјални документи.

Ериксон почина минатиот август по тешка и долготрајна борба со рак на панкреасот. Во текот на 42-годишната кариера, Швеѓанецот водел големи клубови и репрезентации, како англиската репрезентација, но и покрај големите приходи, на крајот почина во долгови.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Семејството на славниот фудбалски стратег е принудено да го продаде неговиот дом за да ги покрие големите долгови кои настанале затоа што Ериксон бил жртва на голема измама.

Имотот на Ериксон беше објавен во вторник, а документите од Шведска покажуваат дека починал со долг од 10 милиони евра, од кои поголем дел се од Велика Британија, каде што неговиот даночен долг е 8,5 милиони евра.

За да ги отплатат долговите, семејството е принудено да ја продаде неговата луксузна вила во која ги помина последните години од животот.

Откако во кариерата направи големи успеси и заработи вистинско богатство, славниот Швеѓанец изгубил преку 11 милиони евра поради измама. Го измамил финансискиот советник Самир Кан, кој имал неограничен пристап до богатството на Ериксон.

Финансискиот советник потрошил 11 милиони евра на сомнителни инвестиции, вклучувајќи и имотни планови. За сето ова зборуваше и самиот Ериксон во 2013 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чаби Алонсо добил целосно одврзани раце да ја остави на клупата секоја од ѕвездите на Реал Мадрид.

Раководството на Реал Мадрид му изрази целосна доверба на тренерот на тимот Чаби Алонсо и …