Дома Фудбал Легенда на Тотенхем за доаѓањето на Тудор: “Дали му е јасно што го чека во оваа лига?”

Легенда на Тотенхем за доаѓањето на Тудор: “Дали му е јасно што го чека во оваа лига?”

Игор Тудор треба наскоро да се претстави како новиот тренер на Тотенхем. Хрватскиот стручњак ќе потпише краткорочен договор до крајот на оваа сезона, со оглед на тоа дека Тотенхем има план да најде нов тренер на лето.

Тудор доаѓа со намера да го извади Тотенхем од кризата. Лондонскиот клуб се наоѓа на 16. позиција во Премиер лигата со 29 бодови, пет бодови над зоната за испаѓање. Сепак, не се сите согласни дека Тудор е вистинскиот избор за оваа задача. Теди Шерингам (59), поранешен англиски репрезентативец и легенда на Тотенхем, изрази критика во изјавата која ја пренесуваат островските медиуми.

Шерингам: “Знае ли Тудор нешто за оваа лига?”

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


“Не можам да поверувам. Се борат за опстанок во Премиер лигата. Јасно ли му е што го чека во оваа лига? Овде фудбалот ќе го удри брзо. Земаат тренер кој нема поим што го очекува во наредните шест недели. Кој донесува вакви одлуки? Не можам да го прифатам тоа”, изјави Шерингам.

Да потсетиме, Тудор имаше сличен договор со Јувентус во март минатата година. Тогаш ја исполни главната цел и го воведе Јуве во Лигата на шампионите, што му донесе продолжение на договорот. Сепак, Тудор не остана долго таму бидејќи веќе во октомври беше отпуштен.

Покрај Јувентус, Тудор има искуство од водечки европски лиги и во Удинезе, Хелас Верона, Марсеј и Лацио. Претходно, во тренерската кариера ги водеше Хајдук, ПАОК, Карабукспор и Галатасарај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед решен да го задржи Хари Мегваер

Раководството на Манчестер Јунајтед се подготвува да му понуди нов договор на Хари Мегваер…