Дома Фудбал „Лажни“ фудбалери сакале да влезат во Јапонија – откриено што се случувало во Токио

„Лажни“ фудбалери сакале да влезат во Јапонија – откриено што се случувало во Токио

Јапонските имиграциони власти депортираа 22 лица од Пакистан кои лажно се претставувале како членови на фудбалски тим, во обид да влезат нелегално во Јапонија за “подобар живот”.

Група од 22 Пакистанци беше уапсена во Токио откако се обиделе да влезат во Јапонија користејќи фалсификувани документи, претставувајќи се како дел од фудбалски тим наводно поканет на некој турнир. 

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


Организаторот на оваа шема, Малик Вaкас, наводно наплаќал на секој член на групата околу 4 милиони пакистански рупии (приближно 14.400 долари) за лажни визи и документација, ветувајќи им влез во Јапонија и можност за вработување.

Јапонските власти открија измамата по проверката на документацијата на аеродромот во Токио, каде се забележани недоследности во поканите и апликациите за визи. Групата веднаш беше приведена, а по истрагата депортирана назад во Пакистан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Престон Лајонс загуби од Пелистер во Битола (Видео)

Фудбалерите на Пелистер денеска во Битола славеа минимална победа над австралискиот Престо…