Дома Останати Ракомет Лазаров: Огромен успех, но немаме многу време да се радуваме

Лазаров: Огромен успех, но немаме многу време да се радуваме

Ракометарите на Алкалоид се изборија за историско прво полуфинале во европските натпреварувања откако денеска на свој терен славеа над Баја Маре со 32-25.

Кире Лазаров по натпреварот секако беше задоволен од играта која ја прикажаа неговите ракометари, но и потсети дека многу брзо ги чекаат плеј-оф натпреварите во Суперлигата.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Среќен сум и задоволен, можеби се уште не ја чувствувам таа среќа, немаме ни време да се израдуваме за два дена ни започнува плеј-офот во првенството. Но, тоа е така во професионалниот спорт на највисоко ниво.

Мислам дека ова е голем успех за самиот клуб, ракометарите и за македонскиот ракомет затоа што еден клуб составен од 95% македонски ракометари и најмногу млади ќе игра полуфинале во едно европско натпреварување. Навистина тоа ме прави горд, се надевам и луѓето во клубот.

Свесен е Лазаров и дека во наредните натпревари нема да биде лесно, посебно што до крајот на сезоната не можат да сметаат на Марко Митев.

На момците им честитам за пожртвуваноста, борбата, играта и пласманот во полуфиналето. Во дадени моменти се чувствува дека ни фалат рутина и искуство да бидеме подобри. Како и да е ова огромен успех.

Во полуфиналето против Рунар со оние информации што ги имам досега, не сум ги гледал, очекувам атомски ракомет. Се надевам во иднина ќе прикажуваме и подобри изданија, иако свесен сум дека нема да биде лесно затоа што во составот го немаме и нашиот можеби најдобар ракометар, Марко Митев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Инцидент во Атина: Митев погоден со предмет во глава (Видео)

Натпреварот од Европскиот куп на ЕХФ меѓу АЕК Атина и македонскиот Алкалоид беше обележан …