Дома Останати Ракомет Лазаров: Финалето е голем успех за целиот македонски ракомет!

Лазаров: Финалето е голем успех за целиот македонски ракомет!

Млад, амбициозен и одлучен – РК Алкалоид со срце и посветеност го прескокна норвешкиот Рунар Сандефјорд и се пласираше во финалето на ЕХФ Европскиот Куп.

Двомечот со Рунар беше тежок тест, но тимот на Кирил Лазаров издржа. И без неколку свои носители на играта, Алкалоид успеа да го надмудри искусниот противник со паметна игра, тимска сила и бескомпромисна борбеност.

Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


„Горд сум на тимот за тоа како ги одигра овие два натпревари со сериозно квалитетен противник. Во отсуство на нашите носители на играта покажавме дека колективот, доколку дејствува тимски може да покрие многу недостатоци и да направи успех“, истакна Лазаров.

Финалето што следува ќе биде нов голем предизвик – со грчкиот шампион АЕК Атина. Лазаров повикува на внимателност, но и на единство:

„Со оглед на ситуацијата, нѐ очекува пеколна завршница на сезоната. Ќе внимаваме на сѐ за на важните натпревари бидеме на потребното ниво. Пласманот во финалето на Алкалоид е голем успех за клубот, но и за целиот македонски ракомет. Очекуваме поддршка во финалето од љубителите на ракометот во Македонија, ќе ни биде многу потребна“.

Првиот меч од финалето се игра на 17/18 мај, додека реваншот е закажан за 24/25 мај. Ждрепката ќе го одреди тимот кој ќе ја има предноста на домашен терен за клучниот дуел.

Фото: РК Алкалоид

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Ново име во Вардар: „Црвено-црните“ избраа замена за Аларов

По неколку години отсуство, Вардар го врати својот „пивот“ – Кристијан Анастасовски ќе го …