Дома Фудбал Лапорта зборуваше за големите планови на Барселона за иднината и го спомена Халанд

Лапорта зборуваше за големите планови на Барселона за иднината и го спомена Халанд

Барселона по долго време повторно ги освои сите домашни трофеи. Претседателот Жоан Лапорта по тој повод откри амбициозни планови за иднината, а се осврна и на приказните за Ерлинг Халанд.

Последен пат кога Барселона ги обедини сите три домашни трофеи беше во 2018 година, но новата ера под водство на Жоан Лапорта донесе враќање на титулите во Каталонија.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Сепак, Лапорта нагласува дека успесите не се само на теренот.

„Барселона ќе заработи 950 милиони евра. Тоа е речиси милијарда. Убедени сме дека наскоро ќе бидеме во рамките на правилото 1:1“, изјави Лапорта.

Се разбира, веднаш започнаа шпекулации – дали е можно Барселона да тргне по Ерлинг Халанд?

„Ќе има промени во нашиот тим ова лето. Нашите противници исто така се засилуваат бидејќи гледаат дека нашиот тим моментално е најдобар. Халанд? Ништо во животот не е невозможно. Но, во моментов не размислуваме за него бидејќи тој неодамна го продолжи договорот со Сити“, рече Лапорта.

Едно име кое сепак поконкретно се спомнува во каталонските планови е Нико Вилијамс.

„Го видовме Нико како потенцијално засилување, заедно со Дани Олмо. Но клубот моментално разгледува и други опции“, објасни Лапорта.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер на чекор до големо засилување

Според трансфер експертот Фабрицио Романо, Интер е во напредни преговори со крилото на Оли…