Дома Фудбал Лапорта стави крај трансфер пазарот во Барса

Лапорта стави крај трансфер пазарот во Барса

Барселона во тековниот трансфер период го позајми крилниот напаѓач Маркус Рашфорд од Манчестер Јунајтед и го купи голманот Жоан Гарсија од Еспањол, a, ако може да се верува на првиот човек на клубот Жоан Лапорта, тоа е што се однесува на шампионот на Шпанија за ова лето.

“Во принцип, нема да има повеќе трансфери. Имаме тим и тренерот сака да го засили првиот тим со играчи од Б тимот, но засега не се очекуваат никакви засилувања. Ќе се обидеме да избегнеме било какви болни заминувања. Нема да спомнувам конкретни имиња, бидејќи сите играчи се важни за Барселона и сите сме задоволни од нив, но ќе има некои прилагодувања, бидејќи на некои позиции има премногу играчи и нешто мора да се направи. Тоа веќе е меѓу тренерот Флик и спортскиот директор Дека”, изјави сношти Лапорта.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Значи, моќната Барса од минатата сезона ќе биде засилена со овие два играчи, Гарсија може да биде и прв голман, а за тоа што би можел тренерот Ханси Флик да добие од Рашфорд.

Кога станува збор за најавените заминувања, не би требало да биде никој од носителите на тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Навивачите на Реал му се потсмеваат на Гвардиола во Манчестер

Реал Мадрид успеа да го елиминира Манчестер Сити во осминафиналето на Лигата на шампионите…