Фудбалскиот клуб Барселона после цели пет години повторно може да функционира 1:1, односно да троши исто колку што заработува, што значи дека Дани Олмо и Пао Виктор повторно ќе бидат регистрирани!
Барселона од летово досега реализираше најпрофитабилен договор со компанијата „Најк“ вреден 1,7 милијарди евра за наредните 14 години, односно што е 121 милион по сезона. Но, кога Ла Лига кажа дека ни тоа не е доволно, Жоан Лапорта ги продаде ВИП ложите на реновираниот „Камп Ноу“ за наредните 20 години за 100 милиони евра.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Ла Лига првично го одби и тој договор, бидејќи побара целокупниот износ да биде веднаш уплатен, а потоа Барселона и тоа го реализираше пред полноќ, на 3 јануари.
Сите сигурни извори пренесоа дека конечно сè е готово, дека по пет години, Барселона конечно успеа да се врати на 1:1 работење, без финансиски бариери и дека од летото 2025 ќе може нормално да функционира и троши пари кои ги има во касата.
Ако се сеќавате, тоа беше и најголемиот проблем за Барселона откако Жоан Лапорта ја презеде претседателската позиција од Жозеп Марија Бартомеу. Поради тоа не можеше да го регистрира ни договорот на Лео Меси, и од тогаш се одвива војната со Ла Лига и претседателот Хавиер Тебас, во моментот кога Лапорта одби да подпише спонзорски договор со инвестицискиот фонд CVC, со што го наруши планот на Ла Лига.
Ако на тоа го додадеме дека Лапорта, заедно со Флорентино Перез, ја поддржуваше идејата за Суперлигата на Европа, тогаш е јасно зошто Тебас секогаш наоѓаше начин да ги промени регулативите и да го отежне враќањето на Барселона во нормално функционирање.