Дома Фудбал Лапорта и неговиот докторски план, продава петмина за еден

Лапорта и неговиот докторски план, продава петмина за еден

Нико Вилиамс и Барселона повторно се актуелни, но целата операција и реализација на трансферот ќе биде многу тешка.

Имено, претседателот на Ла Лига Хавијер Тебас повторно изјави јавно дека Барселона сè уште не може да работи 1:1, односно има проблеми со финансискиот фер-плеј и дека нема лесно да може да го регистрира.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


“Отштетата за трансфер на играчот и парите за неговата регистрација се две сосема различни работи. Барселона многу добро знае што è сè потребно за да го реализира трансферот и да го регистрира Нико Вилиамс како член на екипата”, рече Тебас

Сепак, каталонските извори пишуваат за оваа тема сосема различно, односно, не бегаат од фактот дека регистрацијата на Нико ќе ја финансираат неколку отпишани играчи. Ансу Фати, како трет најплатен играч во соблекувалната, е на пат кон Монако, останува клубовите да договори кој дел од платата ќе ја покриваат Каталонците, а кој “кнежевите”, бидејќи станува збор за позајмица.

Исто така, Барса сака да го продаде и Тер-Штеген, кој има огромни примања, но преговорите ќе бидат значително потешки, бидејќи за разлика од Фати, Германецот не сака да замине.

На трансфер листата се уште и резервниот голман Ињаки Пења, Пав Виктор, но и Андреас Кристенсен, кој исто така нема занемарлива плата, а Барса се надева на потенцијално значајно отштетување.

За крај, треба да се додаде дека и Френки де Јонг е подготвен да потпише нов договор, во кој би имал помали примања, со што би бил ослободен платниот буџет за платите на Нико Вилиамс и голманот Жоан Гарсија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Направи трансфер од 70 милиони евра, па игра фудбал на улица

Матеус Куња играше фудбал во родното место во Бразил со пријателите на улица, само неколку…