Дома Фудбал Лапорта го реши проблемот со Олмо и Пау Виктор, а до крајот на јануари има една цел

Лапорта го реши проблемот со Олмо и Пау Виктор, а до крајот на јануари има една цел

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, успеа да го реши проблемот и ги регистрираше Дани Олмо и Пау Виктор за вториот дел од сезоната. Нема одмор за него бидејќи е јасно што ќе биде приоритет за Барселона до крајот на јануарскиот трансфер период.

Зад Барселона се две турбулентни седмици откако каталонскиот клуб конечно успеа да ги регистрира Дани Олмо и Пау Виктор за натпреварите во вториот дел од сезоната.


Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓


Овај двоец имаше важечка регистрација до 31 декември, и затоа Ла Лига и Шпанската фудбалска федерација одбија дури три барања на Каталонците за повторна регистрација на Олмо и Виктор и изгледаше дека тие можат бесплатно да го напуштат клубот, што би било катастрофа за Барса.

Сепак, Жоан Лапорта и екипата не отстапија и дури преку суд докажуваа дека сета документација е уредна, а на крајот судот одлучи во корист на Барселона, и Ла Лига во среда вечерта повторно ги регистрираше Олмо и Виктор.

Откако го реши најголемиот проблем, претседателот на Барселона се фокусира на трансфер периодот кој трае до крајот на овој месец и ќе се обиде да го засили играчкиот кадар.

Ханси Флик веќе неколку пати разговараше со Лапорта и Деко за позициите кои се проблематични, а една од нив посебно се истакнува.

Станува збор за позицијата на напаѓач каде што Флик моментално има само еден вистински избор, а тоа е Роберт Левандовски. Ги користи уште Феран Торес и Виктор, но јасно е дека двајцата не се класични напаѓачи.

Флик побара од Лапорта и Деко да донесат уште еден напаѓач овој јануари кој може да биде достоен конкурент на Левандовски, а изгледа дека неговата желба може да се исполни.

Шпанските медиуми пишуваат дека Лапорта е одлично расположет откако Олмо и Виктор се регистрирани и дека сега неговиот приоритет е доведување на напаѓач, и даде збор на Флик дека ќе направи сè што може за да му ја исполни желбата.

Јасно е дека изборот не е богат на пазарот бидејќи сезоната е во полн ек и ќе биде интересно кого ќе се обидат Каталонците да доведат до крајот на јануари.

Исто така, многу се пишува дека ќе има и заминувања од Барселона до крајот на овој месец, а изгледа дека Роналд Араухо веќе е со една нога надвор од клубот бидејќи Јувентус и неколку клубови од Англија сериозно се заинтересирани за Уругваецот.

Заминувањето на Араухо го диктира и статусот на Ерик Гарсија кој исто така сака да оди. Но, Барса не сака да ги пушти и дватајцата, и ќе замине само еден од нив овој трансфер период.

Тука е секако и секогаш присутниот Френки де Јонг кој веќе е на трансфер листата и не е невозможно да замине од Барселона. Де Јонг го сака Манчестер Јунајтед, а наводно има и многу богата понуда од Саудиска Арабија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нема промена на голманската позиција во Дебар Маало: Алековски го продолжи договорот

Чуварот на мрежата на екипата на Работнички го продолжи договорот со овој тим до крајот на…