
Претседателот на Барселона Жоан Лапорта ја изрази својата поддршка кон младата ѕвезда на тимот Ламин Јамал во врска со прославата за неговиот 18-ти роденден.
Суперталентот беше жестоко критикуван за одлуката да ангажира луѓе со нисок раст за забава, но сепак неговиот шеф не гледа ништо лошо во забавата на младиот играч.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
„Тоа беше приватна забава, и Ламин знае дека отсега натаму сè што ќе прави ќе биде во светлата на рефлекторите и на острото око на јавноста. За мене, тоа е само прослава за достигнување на полнолетство и ми е жал што не отидов. Беше исклучителна забава, луѓето си поминале доста убаво и биле многу елегантни. Сепак, зборуваме за 18-годишници. Така одлучиле да се забавуваат. Тој го направи тоа со своите пријатели и со луѓе од шоу-бизнисот, јутјубери, инфлуенсери, тиктокери, пејачи. Во тој смисол, јас сум среќен што беше добра забава. Тоа се случи во приватна средина, по што дојде на тренинг, а во тоа е подобар од секого. Па така, нема за што да го упрекнувам. Напротив, го поздравувам и се радувам што убаво се забавувале на роденденската забава“, изјави Лапорта пред „Мундо Депортиво“.