Дома Фудбал Јамал вчера сруши рекорд на Мбапе во Лигата на шампионите

Јамал вчера сруши рекорд на Мбапе во Лигата на шампионите

Младиот талент на Барселона, Ламине Јамал, вчера вечер запиша уште еден неверојатен рекорд во својата колекција. Во победата на Барселона со 2:1 против Ајнтрахт Франкфурт во Лигата на шампиони, Јамал запиша асистенција за победничкиот гол, со што го надмина Килијан Мбапе и стана играч под 18 години со најмногу директни учества во голови во историјата на натпреварувањето, пишува Goal.com.

Барселона се намачи за три бода против Ајнтрахт. Гостите од Франкфурт поведоа со голот на Ансгар Кнауф, но каталонскиот гигант во второто полувреме го сврти резултатот. Херој на победата беше Жил Кунде со два гола, а за асистенциите се погрижија Маркус Рашфорд и токму Јамал.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Со асистенцијата за победничкиот гол на Кунде, Јамал достигна 14 директни учества во голови, седум голови и седум асистенции, во Лигата на шампиони.

Мбапе како тинејџер имаше 13 учества во голови (десет голови и три асистенции). Бидејќи Јамал ќе го прослави 19-от роденден дури во јули, има повеќе од доволно време дополнително да го подобри овој импресивен рекорд.

Сепак, вечерта за Јамал не беше совршена. Младиот напаѓач доби трет жолт картон во ова натпреварување, што значи дека го чека автоматска суспензија од еден натпревар. Тренерот Ханси Флик нема да може да смета на него во следниот европски предизвик на Барселона, во јануари против Славија од Прага.

Јамал беше заменет кон крајот на натпреварот и не изгледаше среќен поради таа одлука. По натпреварот, тренерот Флик им објасни на новинарите зошто одлучи така.

“Ламин беше малку разочаран кога излезе, но имаше жолт картон и ни требаа свежи нозе. Ова се три многу важни бода. Ја контролиравме играта. Беше многу тежок натпревар. Се бранеа многу длабоко. Мораме да се фокусираме на себе и да освоиме уште шест бода”, изјави Флик.

Барселона сега се насочува кон обврските во Ла Лига, каде има четири бода предност пред вечниот ривал Реал Мадрид. До крајот на 2025 година, тимот на Ханси Флик ќе одигра уште два натпревари.

Првиот е закажан за сабота против Осасуна, а последниот натпревар во календарската година ќе го одиграат на 21 декември како гости кај Виљареал на стадионот Ла Керамика, откако не успеаја да договорот натпреварот да се одигра во Мајами.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познати се првите два клуба во нокаут-фазата на Лигата на шампионите

Во вторник се одиграа првите девет натпревари од шестото коло на Лигата на шампионите, што…