Контроверзниот австралиски тенисер Ник Кирјос се пласираше во второто коло на Мастерсот во Синсинати, благодарение на победата над Лоренцо Сонего со резултат 2:0 – 7:5, 6:4.
Мечот траеше еден час и 19 минути, а Кирјос во наредната рунда ќе игра против Русинот Карен Качанов. Ќе потсетиме, Австралиецот се наоѓа во иста половина како и Ѓоковиќ кој својот прв меч на Синсинати го игра против Сем Квери вечерва од 21:00 часот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кирјос во овој меч изведе неколку фантастични потези со кои ја креваше публиката на нозе.