
Џанлуиџи Донарума вчера во една борба за топка тешко го повреди Џамал Мусиала. Мануел Ноер го критикуваше по ова, но сега во негова одбрана застана друг колега, Тибо Куртоа.
При крајот на првото полувреме беше видена тешка повреда на играчот на Баерн, Џамал Мусиала.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
При борба за една топка, Џанлуиџи Донарума, голманот на ПСЖ, стартуваше така што прв стигна до топката, но и го собори играчот на Баерн.
Иако Донарума сигурно немаше намера да го повреди Мусиала, доби силни критики од колегата на спротивната страна, Нојер.
Сепак, во одбрана на голманот на ПСЖ сега застана колегата од Реал Мадрид, белгискиот голман Тибо Куртоа.
“Веднаш помислив дека повредата е сериозна. Да се каже дека Донарума е виновен звучи претерано, бидејќи ние, голманите, одиме по топката, исто како и напаѓачите”, рече тој и продолжи:
“Кога напаѓачите застанат на нозете, не гледаат дали доаѓаат кон нас. Голема е штета што оваа акција заврши како што заврши. Мислам дека тој ја зема топката, а Мусиала се повреди кога се сврти. Мислам дека е претерано да се обвинува Донарума. Тоа ќе го повреди и емоционално.”