Дома Фудбал Куртоа го критикуваше Симеоне: Доста ми е од плачење

Куртоа го критикуваше Симеоне: Доста ми е од плачење

Фудбалерите на Реал Мадрид се пласираа во четвртфиналето на Лигата на шампионите, совладувајќи ги градските ривали, фудбалерите на Атлетико. Откако Реал во првата средба славеше со 2:1, синоќа Атлетико беше подобар во регуларното време со 1:0. Во продолженијата немаше голови, па победникот беше решен дури по изведување на пенали.

Откако првите три изведувачи за Атлетико беа прецизни, Хулијан Алварез даде гол како четврти, но по прегледот на снимката неговиот гол беше поништен поради двојно допирање. Ова поништување го коментираа и тренерот на Атлетико Диего Симеоне и играчите. Подоцна ги критикуваше Тибо Куртоа, голманот на Реал кој стана познат бранејќи за Атлетико.

Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓


„Чувствував дека нешто чудно се случува, па тоа го кажавме директно на судијата, а потоа се потврди дека навистина се случи двојно допирање на топката и дека голот е правилно поништен. Алварез се лизна и двапати ја допре топката и тоа е промашен пенал. Не можете да ја допрете топката двапати. Немаше среќа, но такви се правилата.

Симеоне рече дека не е фер што му е поништен пеналот на Алварез? Мислам дека УЕФА јасно гледа што се случува. Заморен сум од тоа што постојано се претставува како жртва, од постојаното плачење поради вакви работи“, рече белгискиот голман за шпанските медиуми по натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Германска компанија влегува во Тиквеш, клубот добива финансиска инјекција од милион евра!

Екипата на Тиквеш во наредните недели би требало да ја финализира новата сопственичка стру…