
Легендарниот пензиониран ас на Реал Мадрид, Тони Крос, го анализираше последното “Ел класико”, каде што неговиот тим го победи најголемиот ривал со резултат 2:1.
Крос изрази мислење дека Ханси Флик направил грешка во почетниот состав, нешто што Реал Мадрид знаеше да го искористи на најдобар можен начин.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Како и го и многу други, така и на Крос му остана неразјаснета одлуката зошто Роналд Араухо остана на клупата, иако вообичаено ја имаше задачата да го спречи Реал Мадрид.
“Не можам да разберам зошто Ерик Гарсија беше вториот стопер. Да, малку подобро игра со топката од Араухо, но Араухо ја има физичката сила која е потребна да ги заостане противниците, особено кога одбраната стои така високо. Араухо беше идеалниот избор за овој стил и напад на Реал. Искрено, не можам да ја разберам одлуката на Флик. Кога спроти себе имате напаѓачи како Мбапе и Винисиус, потребен ви е играч кој одговара на нивната брзина, а тоа е она што го поседува Уругваецот. Најмногу ме изненади неговото отсуство од стартната постава”, изјави Тони Крос.
Крос додаде дека уште е забележително отсуството на Ињиго Мартинез за Барселона.
“Ињиго Мартинез беше многу важен играч за нив. Во минатата сезона беше најдобриот дефанзивец за преносот на топката кон средината и нападот. Иако не е најбрз, тој е извонреден во одбраната и создавање на игра. Против Реал Мадрид им недостигаше неговото присуство кога се соочија со голем притисок. Тие не го заменија оваа сезона, и тоа многу влијае на дефанзивната игра”, изјави Крос.
Германецот, сепак, го намали значењето на поразот на Барселона, а со тоа и победата на Реал.
“Фер е да се каже, Барса беше доста истоштена — од првиот голман до тренерот кој не беше на клупата. Им недостасуваа Рафиња, Олмо и Левандовски, а тоа прави огромна разлика во натпревар од ваква важност. Нивото на игра дефинитивно ќе биде поголемо во текот на сезоната”, заклучи Крос.