Дома Фудбал Крај на неуспешната приказна: Вирц се изгуби во Ливерпул, но му се нуди „рака за спас“

Крај на неуспешната приказна: Вирц се изгуби во Ливерпул, но му се нуди „рака за спас“

Кога Флоријан Вирц летово пристигна на Енфилд, атмосферата беше исполнета со очекувања. Ливерпул плати голема сума за да го доведе еден од најталентираните германски играчи за врска, човекот кој во Баер Леверкузен ја носеше играта на шампионскиот тим. Меѓутоа, неколку месеци подоцна, впечатокот е разочарувачки.

На теренот, Вирц засега покажа многу малку од она што го красеше во Бундеслигата. Во Англија изгледа побавен, премногу неодлучен и се уште го бара ритамот и самодовербата во системот на Слот.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Навивачите се трпеливи, но и загрижени. Вирц не е играч кој не знае, туку кој, барем засега, не успева да се пронајде во поинаков ритам на Премиер лигата. Во клубот и натаму веруваат дека „германскиот бисер“ ќе проработи, но оваа полусезона остава горчлив вкус.

Германското чудо што пристигна од Леверкузен требаше да донесе предност на теренот, а дваесетидвегодишникот досега во 11 натпревари оствари само една асистенција. Се вклопи во сивилото на Редсите, кои се во ужасна форма, имаат три последователни порази во Премиер лигата и четири ако се смета и поразот од Галатасарај во Лига на шампионите.

Германскиот офанзивен играч за врска, чия вредност се проценува на околу 150.000.000 евра (вклучувајќи бонуси и потенцијални трансфери), досега даде разочарувачки настапи за Редсите, што наведува многумина да се посомневаат во неговата иднина во Ливерпул.

Но, постојат и оние кои би сакале веднаш да го вратат. Тоа е Хаби Алонсо, неговиот поранешен тренер во Леверкузен, а сега во Реал Мадрид, кој побара од управата на кралскиот клуб да ја следат состојбата околу играчот, надевајќи се дека би можел да го купи на лето.

Чави го тренираше Вирц од 2022 до 2025 година и добро го познава, а како Шпанецот е свесен за потешкотиите со кои се соочува Вирц во Англија, ќе се обиде да соработува со него во Мадрид, а не е исклучено ниту дека Ливерпул би признал дека згрешил, па би разгледал трансфер на крајот од сезоната.

Во одбрана на Вирц неодамна застана селекторот на Германија Јулиан Нагелсман. „Иако не постигна гол, тој е играчот кој создава најмногу шанси во Премиер лигата“, рече Нагелсман за Спорт 1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона доби две големи засилувања пред „Ел Класико“

Фудбалерите на Барселона следниот викенд ќе гостуваат на Реал Мадрид, а Ханси Флик и за ов…