Дома Фудбал Крај! Манчестер Јунајтед и Лајпциг постиггнаа конечен договор за Шешко

Крај! Манчестер Јунајтед и Лајпциг постиггнаа конечен договор за Шешко

Манчестер Јунајтед постигна конечен договор со Лајпциг за трансферот на долгоочекуваниот нов централен напаѓач. “Црвените ѓаволи” ќе платат за Бенјамин Шешко првично 76,5 милиони евра, со можност за додатни бонуси од 8,5 милиони евра, кои ќе зависат од претставувањето на Словенецот.

Самиот напаѓач веќе се договори со Манчестер Јунајтед за личните услови и ќе потпише договор на пет години.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Пред неколку дена РБ Лајпциг прифати понуда и од Њукасл, која беше дури и за повисока износ. Но, во крајна линија, желбата на самиот играч беше да премине на “Олд Трафорд”.

“Свраките” пак доживеаја уште еден неуспех на трансферниот пазар, а засега иднината на Александар Исак исто така не е јасна.

Фабрицио Романо додава дека Шешко уште вечерва ќе патува за Манчестер со својот агент. Утре Словенецот ќе треба да мине медицински прегледи и да го потпише договорот. Тој ќе биде третиот нов додаток на “црвените ѓаволи” по Матеуш Куња и Брајан Мбемо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Земјотрес“ од Шпанија: Барселона се пушти во трка по важен фудбалер на Манчестер сити

Пред околу две и пол години Манчестер Сити го сруши рекордот за најскап дефанзивец во исто…