Дома Останати Кошарка Кошаркарите во НБА-лигата се изјаснија кој треба да биде МВП

Кошаркарите во НБА-лигата се изјаснија кој треба да биде МВП

Најдобриот спортски портал „Атлетик“ спроведе анкета во која НБА играчи гласаа меѓу Никола Јокиќ и Шеј Гилџес-Александер за новиот МВП на лигата.

Според анонимната анкета, во која учествуваа 155 НБА играчи, дури 56,1 проценти гласаа за Гилџес-Александер, додека 37,4 проценти го поддржаа Јокиќ.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Новинарите Сем Амик и Џош Робинс истакнаа дека учесниците во анкетата посебно потенцираа две работи во корист на Канаѓанецот – најдобриот резултат на Оклахома во лигата (68 победи и 14 порази) и неговиот впечатлив напаѓачки резултат, со просек од 32,7 поени по натпревар, што го прави најдобар стрелец во НБА лигата.

Јокиќ, пак, имаше впечатлива сезона – како трет играч во историјата што просечно бележеше трипл-дабл во текот на целата сезона, го предводеше Денвер Нагетс до 50 победи.

Фото: Денвер Нагетс/ФБ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Штимац повеќе не смее на протести, двапати месечно мора да се јавува во полициска станица

Вишиот суд во Белград делумно ја усвои жалбата на Вишото јавно обвинителство во Белград и …