Дома Фудбал Конте за Де Брујн: Ако се лути поради замената, пронашол погрешен човек

Конте за Де Брујн: Ако се лути поради замената, пронашол погрешен човек

Екипата на Наполи вчера го претрпе првиот пораз во сезоната во Италија и тоа во дербито со Милан.

“Се работи за првиот пораз во пет натпревари, и тоа на ‘Сан Сиро’ против еден од најдобрите – Милан. Милан е екипа со сериозен квалитет и лесно може да постигне два гола. Треба да играме како целина, и момците го знаат тоа. Сите заедно се браниме и напаѓаме, ни е потребно повеќе фокус и концентрација”, истакна Антонио Конте.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


Конте беше прашан да ги коментира измените, особено замената на Кевин де Брујне.

“Сакав да внесам свежина за да создавам дуели еден-на-еден бидејќи Милан беше многу повлечен. Во нападот го внесов Лука за да внесе промена. Измените се прават за да донесат разлика и мислам дека беа успешни”.

Кевин де Брујне изгледаше незадоволно кога го напушташе теренот.

“Се надевам дека беше вознемирен поради резултатот. Ако беше поради нешто друго, го најде погрешниот човек за тоа”, изјави Италијанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алегри по победата против шампионот Наполи ги разочара навивачите на Милан

Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, по натпреварот против Наполи (2-1) се обиде да ја …