Дома Фудбал Конте идеално засилување за Наполи пронајде во – Ливерпул?!

Конте идеално засилување за Наполи пронајде во – Ливерпул?!

Се погласни се наводите дека Кевин Де Брујне би можел да ја облече дресот на Наполи, а наскоро под Везув би можел да се пресели и Федерико Киеза.

Некогаш еден од најдобрите крилни играчи во Европа не успеа да се избори за место во стартниот состав на шампионот на Англија во исклучително тешка конкуренција, што како логично решение на епизодата на Енфилд го наметнува оживувањето на кариерата на некоја друга дестинација.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Таа дестинација би можела да биде токму неговата татковина, држава во која ја поминал целата своја кариера и стекнал афирмација. За неговите услуги заинтересиран е тековниот лидер на Серија А, кој сака да го доведе на позајмица со право на откуп, дозна весникот Газета.

Момчето родено во Џенова смета дека понудата на Неаполците е исклучително примамлива, а враќањето на Чизмата би му донело можност да се испроба повторно како важна фигура во тимот во Лигата на шампионите.

Киеза пристигна во Ливерпул летово од Јувентус, во трансфер вреден 12.000.000 евра. За „црвените“ настапи само 13 пати во сите натпреварувања, постигна два гола и забележа две асистенции.

Клубот во сопственост на Аурелио Де Лаурентис веќе му понуди двогодишен договор на Кевин Де Брујне, со опција за продолжување за уште една сезона. Еден од најдобрите средни играчи на 21 век во Кампанија би заработувал 7.000.000 евра по натпреварувачка година.

Фото: SSC Napoli/FB
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Почина Питер Руфај (61), легендарниот голман на Нигерија и икона на Панини

Африканските медиуми вчера информираа дека почина Питер Руфај, една од најпознатите голман…